Утрински Весник
Спорт

„Салах е најдобар во Премиер лигата, најдобар во светот е Бензема“

„Салах е најдобар во Премиер лигата, најдобар во светот е Бензема“

Тиери Анри нема дилема дека неговиот сонародник, Карим Бензема, во моментов е најдобар фудбалер во светот. Анри е уште еден  Французин кој лобира Бензема да ја добие Златната топка.

Анри, играч кој обележа цела една деценија во Премиер лигата, рекол дека во Англија е најдобар Мохамед Салах, но дека најдобар во светот е Бензема.

„Головите на Салах се неверојатни, но како можете да ги заборавите Левендовски и Бензема? Мислам дека во овој момент, во клубот и репрезентацијата, Салах не е на нивното ниво. Според формата, во овој момент Салах е најдобар во Премиер лигата, сепак најдобар во светот е Бензема“, рекол Анри.

Златната топка на „Франс фудбал“ ќе биде доделена за еден месец.

> „Салах е најдобар во Премиер лигата, најдобар во светот е Бензема“ <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења