Утрински Весник
Балкан

Спречен вооружен грабеж во Мостар: Продавачка се спротивстави на напаѓач со автоматска пушка

Image 2026 03 26 135502889.png

Храбра продавачка во мостарската населба Залик спречи обид за грабеж на продавница, спротивставувајќи му се на напаѓач вооружен со автоматска пушка, јавија локалните медиуми.

На снимките од надзорните камери се гледа како маж облечен во црна јакна влегува во објектот, а по кратко време од под јакната вади автоматска пушка. Наместо да се повлече, вработената застана пред него, по што дошло до турканица и борба за оружјето.


Напаѓачот во неколку наврати немилосрдно ја удрил жената со тупаница во предел на главата, но таа не попуштила во намерата да го разоружа. Во еден момент од пушката бил испукан рафал, но за среќа нема повредени лица.

На местото на настанот излегле припадници на Полициската управа Мостар, кои извршиле увид. Полицијата во моментов презема интензивни активности за утврдување на идентитетот на сторителот и негово приведување. 

Можете да прочитате

Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата

Извлечени се рударите кои беа заглавени во рудникот Трепча

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја