Утрински Весник
Свет

САД го критикуваа насилството на протестите во Русија, Кремљ предупреди на мешање во внатрешните работи

САД го критикуваа насилството на протестите во Русија, Кремљ предупреди на мешање во внатрешните работи

Американски официјални лица го критикуваа полициското насилство врз демонстрантите во Русија, по што Кремљ ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Русија.

Непосредно пред почетокот на протестот во Москва, Амбасадата на САД издаде соопштение во кое се наведува дека „САД го поддржуваат правото на сите луѓе на мирен протест и слобода на изразување“, но дека „чекорите преземени од руските власти ги потиснуваат тие права“.

Набргу потоа, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, ги осуди полициските активности што резултираа со апсење на близу 3.500 лица ширум Русија, повикувајќи ги властите да го ослободат Алексеј Навални и веродостојно да го испитаат неговото труење.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Русија, изјавувајќи за руската национална телевизија дека изјавите се несоодветни и дека американските официјални лица се мешаат во внатрешните работи.

Десетици илјади луѓе вчера излегоа на улиците во Москва, Санкт Петербург и другите поголеми градови во знак на поддршка на Навални, кој беше уапсен пред една недела по враќањето во Русија. Претходно тој беше отруен и се лекуваше во Германија.

Според извештајот на групата ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, пријавени се 3.430 апсења низ целата земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење