Утрински Весник
Свет

Германија прва во ЕУ ќе почне да користи третман со антитела на пациенти со Ковид-19

Болница во Пакистан остана без кислород, починале седум пациенти
300x250 (7)

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, кој му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да оздраве од Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

Ss1

Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат распоредени во универзитетските болници следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ќе ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.

Шпан не откри кој е производителот што ќе ги доставува лековите, но потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп.

„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Овие антитела може да им помогнат на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија на болеста“, рече Шпан.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон

Латвијците повикани своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади