Утрински Весник
Економија

Руските милијардери годинава изгубиле вкупно 33 милијарди долари

Руските милијардери годинава изгубиле вкупно 33 милијарди долари

Богатството на руските милијардери годинава паднало за 33 милијарди долари, а ескалацијата на конфликтот во Украина може да доведе до уште позначителен пад на богатството.

Вкупната вредност на богатството на 23 руски милијардери сега е 342 милијарди долари, наспроти 375 милијарди долари на крајот на минатата година, објави „Блумберг“.

Генадиј Тимченко ја предводи листата на милијардери чие богатство е намалено, па неговата финансиска состојба е речиси за една третина пониска, според индексот на милијардери на „Блумберг“, на листата на 500 најбогати луѓе во светот.

Тимченко (69), син на поранешен советски воен офицер, кој го запознал и станал пријател со Владимир Путин на почетокот на 90-тите, сега има богатство од околу 15,8 милијарди долари и најголемиот дел од парите ги заработил од удел во рускиот производител на гас „Новатек“.

Уште еден акционер на „Новатек“, Леонид Михелсон е „потенок“ за 6,4 милијарди долари, а директорот на „Лукоил“, Вагит Алекперов изгубил 3,5 милијарди долари, додека акциите на компанијата паднале за 19 отсто.

Можете да прочитате

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025

(Фотогалерија) Во Скопје се одржа најголемата бизнис конференција на „Бизнис лидер“