Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо ја обелодени својата нова инвестиција

Ди Каприо ја обелодени својата нова инвестиција

Леонардо ди Каприо се огласи на социјалните мрежи во вторникот и со гордост ја најави својата инвестиција во шампањската куќа „Телмонт“.

47-годишниот оскаровец и екологист се здоби со акционерски удел во Telmont Champagne House лоцирана во Дамери, Франција.

„Од заштита на биодиверзитетот на својата земја, до користење 100% обновлива електрична енергија, @мaisontelmont е решена радикално да го намали својот еколошки отпечаток. Горд сум што се приклучив како инвеститор во Champagne Telmont ,“ Ди Каприо твитна за своите 19,5 милиони следачи.

Шампањската куќа „Телмонт“ е основана во 1912 година, наведува Ди Каприо во твитот.

Champagne Telmont, заедно со своите партнери лозари, се стреми кон производство на 100-процентен органски шампањ, обезбедувајќи целосно одржлив животен циклус на производство во наредните години“.

Можете да прочитате

Создаден првиот летачки автомобил „Jetson ONE“ во Шведска

Hекои луѓе комарците ги касаат повеќе од другите – одговорот е во кожата

Луѓето кои стареат здраво ги практикуваат овие седум работи редовно