Утрински Весник
Спорт

Руни: Франција е најголемиот фаворит за титулата

Руни: Франција е најголемиот фаворит за титулата

Вејн Руни, поранешен англиски репрезентативец, смета дека Франција е најголемиот фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство.

„Никој не како нив. И индивидуални и тимски. Мбапе, Канте, Бензема, Гризман, Погба, Љорис, Варан. Да се заледиш кога ќе ги прочиташ тие имиња. Згора на тоа се и светски шампиони, јасно ви е дека не можете да ги загрозите“, рекол Руни.

Франција, во првата фаза ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија.

„Имаат толку ѕвезди, а никој не размислува дека мора да се прослави. Силни се како група, тоа е дело на селекторот Дидие Дешам. Од оваа перспектива не гледам дека некој може да ги победи“, заклучил најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед.

> Руни: Франција е најголемиот фаворит за титулата <

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја