Утрински Весник
Македонија

Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајка, со автомобил излетала од патот

Пукал со ловџиска пушка во мачки, погодил во прозорецот на соседот

Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајна несреќа откако со автомобил излетала од патот.

Според информациите на МВР, несреќата се случила утринава околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“.

С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско, со „фолксваген поло“ изгубила контрола и излетала од патот.

Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Демир Капија ја забрани водата за пиење и готвење

Втора жртва од Западен Нил: 24 пациенти на Инфективна, петмина на механичка вентилација

(Видео) МВР во голема акција со Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана