Утрински Весник
Свет

Речиси 20.000 работници во „Амазон“ имаат коронавирус, се жалат дека компанијата воопшто не ги штити

Речиси 20.000 работници во „Амазон“ имаат коронавирус, се жалат дека компанијата воопшто не ги штити
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе од 19.800 работници во „Амазон“ добиле позитивен резултат на тестот за Ковид-19 од почетокот на март, објави дигиталниот гигант.

Податоците за вкупно 1,37 милиони работници во директен контакт со клиенти, вклучително и оние во самопослугите „Whole Foods Market“ во САД, покажуваат пониска стапка на инфекција од очекуваната, велат во „Амазон“.

Работниците во логистичките центри тврдат дека компанијата не ги заштитила соодветно од пандемијата и дека раководството не сака да споделува информации за заразените колеги со нив.

Менаџментот одговара дека го засилиле тестирањето и дека се тестираат до 50.000 работници на ден во 650 објекти, пренесува „Индекс“.

„Од почетокот на кризата, ние правиме големи напори за постојано да ги информираме нашите работници. Ние им испраќаме известувања за секој нов случај во објектот каде што се наоѓаат”, тврди „Амазон“ на блогот.

Кога стапката на инфекција меѓу работниците во Амазон и Хол Фудс би била иста како и кај населението во САД во целина, бројот на заразени би надминал 33.000, велат од управата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат