Утрински Весник
Свет

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

20260402212056 big 730x400 78.webp.webp

Стотици Кубанци на велосипеди и мопеди денеска протестираа пред Амбасадата на САД во Хавана барајќи укинување на ембаргото за нафта. Демонстрантите вееја кубански знамиња и носеа транспаренти на кои пишуваше „Долу блокадата“.

Протестот беше организиран од Сојузот на млади комунисти како „Младинска антиимперијалистичка парада на тркала“, што беше поздравена и од претседателот на Куба, Мигел Диас-Канел.


Заострувањето на ембаргото на САД, кое е во сила од 1962 година, доведе до висока инфлација, долги и чести прекини на електричната енергија и постојан недостиг на храна и лекови.

Првпат од воведувањето на американската блокада на 9 јануари, руски танкер со 730.000 барели сурова нафта пристигна во Куба. Русија најави дека ќе испрати уште еден танкер за Куба.

Куба е под целосна блокада. Островот е целосно отсечен. Од каде дојде снабдувањето со нафта? Блокадата беше надмината од руски брод. Моментално се товари втор танкер, изјави рускиот министер за енергетика Сергеј Цивилов.

Вицепремиерот на Куба, Оскар Перез-Олива, кој е во работна посета на Русија, вчера објави дека Хавана и Москва почнале разговори со цел „стабилизирање на снабдувањето со гориво“ и истражување на можностите за енергетска соработка.

Можете да прочитате

Иран сè уште не донел одлука за испраќање делегација во Исламабад

Мелони: Швајцарските сметки за лекување на жртвите од пожарот во Кран-Монтана се „навреда како врв на подбивањето“

Такер Карлсон се извини за поддршката на Трамп: „Ќе ме прогонува долго време“