Утрински Весник
Скопје

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на Аеродромци

Image 2026 03 27 173055673.png

Соопштение на Левица:

Под силен притисок од јавноста, Орце Ѓорѓиевски ретерираше и ја повлече скандалозната најава дека од 1 април, сите станари како и физичките и правните лица со издадена дозвола, ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата, а во останатите зони ќе мора да плаќаат паркинг по 25 денари од час.


До промена на одлуката на Георгиевски доаѓа за помалку од 24 часа и тоа под силен притисок од Аеродромци што само уште еднаш покажува дека јавноста доколку е обединета и решена да опстои на своите ставови власта ќе ја промени одлуката донесена на штета на граѓаните.

Сепак проблемот сѐ уште не е решен. Граѓаните реагираат и најавуваат протести доколку од 1 април стртува зонското паркирање во Реонски центар. Граѓаните бараат зонското да стартува заедно и во Реонски и во Ново Лисиче зашто во спротивно ќе им се создаде уште поголем проблем со паркирање од овој што до сега го имаат. А досега бараат и по половина час паркинг простор за да можат да се вратат дома.

Суштината на проблемот останува. Левица цврсто стои на ставот дека зонското паркирање нема да го реши проблемот со недостигот на паркинг места, туку само ќе го префрли проблемот од еден на друг реон.

Наместо системско решение и изградба на нови паркинг простори, повторно се нудат административни мерки, нови зони и нови плаќања на товар на граѓаните.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски го најави почетокот на одбележувањето на значајниот јубилеј 100 години од Зоолошка градина

Лажни се дојавите за поставени бомби во трговски центри во Скопје

Сто години ЗОО Скопје: Историјата на градината која започна со визијата на еден биолог