Утрински Весник
Македонија

Регулаторна за 37 отсто ја намали цената за приклучок на системот за дистрибуција на парно

Регулаторна за 37 отсто ја намали цената за приклучок на системот за дистрибуција на парно
Ss2

За 37 отсто се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Ова е една од главните измени во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија што ги одобрија регулаторите, а кои треба да го поттикнат приклучувањето на што поголем број на новоизградени објекти на системот за дистрибуција на топлинска енергија во Скопје.

Надоместокот за приклучување кон системот за топлинска енергија е намален од  3.185 ден/kW на 2.000 ден/kW. Регулаторната комисија претходно го намали и трошокот за приклучување на електрична енергија од 30.255 денари на 22.745 денари.

Img 5587

– Пониската давачка за приклучок за греење на градското парно треба да биде мотив за инвеститорите да бидат поконкурентни во цените и да покажеме заеднички дека имаме цел греењето да се префрли кон еколошките енергенси. Овие чекори се само увертира кон крајната цел а тоа е градот да биде мапиран прецизно каде ќе се грее на  електрична енергија, топлинска енергија и природен гас – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во измените е предвидено Регулаторната комисија дополнително да ги одобрува посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција.

– Во следниот период сите нови објекти кои што ќе се приклучуваат на системот за топлинска енергија е потребно да имаат вградено уреди за локално распределување на топлинската енергија. Оваа можност да се има регулација колку е потрошена топлинска енергија соодветно на потребите на станарите, објектите ќе ги направи поатрактивни од економски и еколошки аспект – посочи Бислимоски.

Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ, во 2019 година имало 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. На централното парно греење во главниот град лани биле приклучени 57.517 потрошувачи, што е рекордна бројка во изминатава деценија.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут