Утрински Весник
Македонија

Реакции во француски медиуми за распуштањето на Парламентот и предвремените избори

Реакции во француски медиуми за распуштањето на Парламентот и предвремените избори
300x250 (7)

Париз, 17 февруари 2020 (МИА) – Како голем тест за проевропската политика на поранешниот премиер Зоран Заев ги оценуваат француските медиуми предвремените парламентарни избори во земјава, закажани за 12 април.

Повеќе интернет портали, како тој на парискиот „Фигаро“ или „Бурсорама“, објавија дека вчера се распушти Парламентот во земјава и оти се закажани предвремените избори на 12 април, осум месеци пред истекот на тековниот мандат, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ss1

Во извештајот преземен од Ројтерс на француски јазик се нагласува дека за распуштањето на Парламентот гласаа 108 пратеници од 120, по оставката на Зоран Заев, што се случи минатиот месец, по неможноста на Европската унија да се согласи за датум за отворање на преговорите за членство за оваа балканска земја.

Владата на Зоран Заев е заменета со привремена влада предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, чиј мандат е да обезбеди изборите да се одржат на транспарентен и фер начин, потсетуваат медумите во Франција.

„Фигаро“ и „Бурсорама“ притоа потсетуваат дека во октомври во Брисел, лидерите на земјите од Европската унија не постигнаа договор за прашањето за проширување за Албанија и Северна Македонија, кандидати, соодветно од 2014 и 2005 година.

-Северна Македонија сепак, очекуваше да започне преговори со оглед на договорот со кој се стави крај на нејзината дипломатска кавга скоро 30 години со Грција, се наведува во медиумите.

„Куриер де Балкан“ од своја страна се задржува на правосудната реформа во Македонија, односно усвојувањето на законот за Јавното обвинителство, со кој на Западот му се докажа дека се прават обиди за зајакнување на правната држава. тг/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ