Утрински Весник
Македонија

Рама и Ковачевски со селфи од Брисел: Навикнавме на оваа шарада

Албанскиот премиер Еди Рама во друштво на македонскиот премиер Димитар Ковачевски испрати заедничко селфи од Брисел. Под фотографијата напиша дека се навикнати на оваа шарада на Европската унија.

„ Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога и да е сме посветени на поттикнувањето на модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“ – напиша Рама.

Пред почетокот на Самитот во Брисел, Рама ја обвини Бугарија дека киднапирала две членки на НАТО, мислејќи на Македонија и Албанија.

„Отворен Балкан“ е реален одговор на ситуацијата во која го продолжуваме патот на интеграцијата бидејќи немаме алтернатива, порача Рама.

Можете да прочитате

Нови правила за боледување: Помалку испитувања и електронско упатување до комисија

ВЛЕН: Конкретни резултати за Албанците во МВР, 428 унапредувања и над 150 вработувања

На Груби му истекува куќниот притвор, нуди имот од 335.707 евра за враќање на пасошот