Утрински Весник
Спорт

ПСЖ бараат 200 милиони евра за Мбапе

ПСЖ бараат 200 милиони евра за Мбапе

Килијан Мбапе и неговиот договор со ПСЖ, повторно е тема во медиумите. Младиот напаѓач, во вторникот, постигна хет-трик против Барселона, а по мечот започнаа шпекулациите дека Реал Мадрид ќе се обидат да убедат да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Договорот на Мбапе со ПСЖ испекува во јуни 2022 година. Доколку Мбапе не го продолжи договорот, летниот преоден рок е последна шанса ПСЖ да заработи од неговиот трансфер.

„Ле Парисиен“, тврди дека ПСЖ ја одредиле цената по која Мбапе може да замине, доколку секако не реши да го продолжи договорот.

Секој, кој ќе сака да го земе Мбапе во летниот преоден рок ќе мора да издвои 200 милиони евра.

> ПСЖ бараат 200 милиони евра за Мбапе <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата