Утрински Весник
Македонија

(Видео) 275 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење

Државјанин на Албанија нападнал полицајци во Струга
300x250 (7)

Поради прекршоци во сообраќајот казнети се 275 возачи на територијата на Скопје, информираат од министерството за внатрешни работи.

„Казнети за брзо возење се 67 возачи, 16 казни се изречени за возење без возачка дозвола, 11 возачи се  санкционирани за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила а 13 казни се изречени на  возачи за користење на мобилен телефон“, информираат од Министерството.

Според МВР, изречени се пет санкции за минување на црвено светло, седум за некористење сигурносен појас и 56 казни за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, потенцираат од МВР.
Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Ковачевски: СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните