Утрински Весник
Економија

Просечната плата во јануари изнесувала 28.272 денари

СДСМ: Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани главен императив на новата Влада
Screenshot

Просечната плата пораснала во однос на минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата по вработен, во јануари изнесувала 28.272 денари.

Pet Utrinski

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 отсто), Уметност, забава и рекреација (8.4 отсто) и Информации и комуникации (8.3 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.9 отсто) и Информации и комуникации (5.4 отсто). Како што објави Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година е 102.7.

На врвот се вработените во воздухопловен транспорт, информации и комуникации, програмерите, додека најмалку заработуваат вработените во кожарската индустрија, текстилот, трговијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нацевска: Продолжуваат активностите на НБ за развивање на домашниот финансиски пазар

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот