Утрински Весник
Магазин

Шефицата на кабинетот на војводата и војвотката од Сасекс се повлече од функцијата

Шефицата на кабинетот на војводата и војвотката од Сасекс се повлече од функцијата

Помина година на пресврти за војводата и војвотката од Сасекс, кои се збогуваа со кралскиот живот во Велика Британија за да започнат својата независна кариера.

По многу промени, и на личен и на професионален план, деловните ангажмани сè уште се пеглаат, а некои медиуми објавија дека шефицата на кабинетот на двојката се повлекува од функцијата по 11 месеци.

Таа, наводно, ќе преземе нова должност – советник на парот.

Кетрин Сен-Лоран на својот профил на LinkedIn напиша: „Имав привилегија да соработувам со војводата и војвотката од Сасекс, помагајќи да се основа фондацијата „Арчивел“. Нивната посветеност на сочувството и благосостојбата беше поттик на сите наши активности и во рамките на организацијата, како и во проекти на фондацијата на терен. Длабоко сум горда на она што го постигнавме заедно и чест ми е да останам како советник.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Враќање на автентичната македонска музика: Концерт на Мизар на 12 мај во Македонската Филхармонија

Храна богата со биотин го стимулира растот на косата

Научниците открија нова функција на малиот мозок