Утрински Весник
Македонија

Променливо време со максимална температура до 15 степени

Променливо време со максимална температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне вдолж Повардарието со појава на магла или значителна ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со значителна ниска облачност, преку денот со сончеви периоди, а до крајот на денот повторно значително облачно.  Температурата ќе достигне 12 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија