Утрински Весник
Македонија

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна во водите на Вардар

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна во водите на Вардар

Полицијата и натаму го бара момчето кое вчера исчезна во реката Вардар, кај неготинско Пепелиште.

Момчето почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно.

„На 15.08.2021 околу 16.00 часот во Полициската станица Неготино, З.Ј.(39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што еден од нив, од с.Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата. Полициски службеници и припадници на специјалната нуркачка единица трагаат по лицето“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија

Конески: Заминувањето на студии во странство не е бегство, стекнатото знаење треба да се врати дома

Филипче: Специјален закон за ветинг за сите функционери – од мене, до Заев, Шекеринска ама и Мицкоски