Утрински Весник
Култура

Продажна уметничка изложба “Времеплов” на Кате Биновска

Утре од 16 до 20 часот, “Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС” ги отвара вратите на својот дом (центарот) за културните дејци, каде преку афирмација, изложба и продажба на нивните дела би обезбедиле средства за одржливост на центарот.

„ Ги отвораме вратите за поддржувачи на култура, поддржувачи на заедницата, емпати, луѓе кои веруваат во заедничко подобро утре. Со збогатување и развој на активностите во центарот ќе се пружи поквалитетна помош за ресоцијализација и рехабилитација на луѓето кои употребуваат дроги и нивните семејства, стекнување поголема доверба кај истите како и придонес кон самоодржливоста на центарот“.

Првата уметница која ќе ја има честа да има своја продажна ретроспективна изложба “Времеплов” е Кате Биновска. Родена 1984 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, отсек графика и графички дизајн.

Таа земала учество на повеќе изложби, меѓу кои изложбата “GraphICON” во Отвореното графичко ликовно студио на Музеј на град Скопје, во декември 2008 година, со нејзината графика „спротивно од одраз“. Графиката по име “Филм” во техника акватинта, била избрана да биде дел од изложбата организирана од “Друштвото за ликовни уметности на Р. С. Македонија”, во Музејот на домот АРМ во Скопје. Истата 2009 година во ноември, на изложбата за минијатура во Музејот на АРМ, го освојува второто место со графиката „Г“, 2009 година, техника линорез.

Кате била дел од проектот за оживување на старата чаршија во Скопје“ – “Филигран и рачно изработени теписи” воден од германски проф. Ханс Херприхт. Стажирала во музејот за уметности во Нимберг во Германија, помагајќи при организирање изложби како и дизајнирање и изработка на рачно изработен накит од сребро.

Во Амбасадата на Р.С. Македонија во Виена, во 2017 година по иницијатива на невладината организација “Kultur Ohne Grenzen”, била одржана првата самостојна изложба на Кате. Истата година во Варшава, Полска биле одржани уште две изложби, од кои едната била поддржана од Амбасадата на Република С. Македонија во Полска.

Девет години живеела и работела во Полска каде има направено неколку мурали и неколку дигитални решенија за двете најголеми банки во Полска (Bank Zachodni, Santander Bank). Моментално живее во Македонија и се занимава со рачно цртање на дизајни на текстил и графички дизајн.

Текстот Продажна уметничка изложба “Времеплов” на Кате Биновска е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“