Утрински Весник
Свет

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ss2

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката.

Ова за БГНЕС го изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, по повод денешната изјава на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, дека топката е на полето на Бугарија.

Ss1

„ Министерот за надворешни работи на РС Бујар Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен е топката. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи“, рече министерката Генчовска.

На прашањето на БГНЕС дали очекува промена на ставот на Бугарија за укинување на ветото за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и претстојниот Совет за општи работи, Генчовска рече: „ Не. Нашиот став во Советот за општи работи нема шанси да се смени, бидејќи таква тема нема“.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека Бугарија ги земала Македонија и Албанија како заложници.

„ Тие не го исполнуваат договорот. Веќе изгубивме 5 месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот“, рече Генчовска

Ss1

Можете да прочитате

ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото

Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот

Хамас навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот