Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари се дружи со богаташи

Принцот Хари се дружи со богаташи

Принцот Хари ги избегнува селебрити-личностите, повеќе сака да се дружи со многу богатата елита во Лос Анџелес, пишува британскиот магазин „ОК“ цитирајќи анонимен извор.

Војводата од Сасекс, наводно се навикнал да „биде sвезда во собата“ додека е во друштво на екстремно богатата – но не и славна – елита во Лос Анџелес.

„Тој не е многу во шоубизнисот како што очекуваат луѓето“, анонимен извор изјави за  весникот „Мејл он сандеј“.

„Наместо да поминуваат време со Адел или Џејмс Корден, Хари и Меган се дружат со милијардери во Лос Анџелес: сопственици на големи компании или џетсет со приватни авиони.

Тој поминува најмногу време во Малибу, Монтесито и Беверли Хилс.

„Хари изгледа навистина опуштено и му годи кога е ѕвезда во собата. Тој е обично единствената позната личност на забавите на кои оди, и се чини дека му одговара да биде оној во кој сите гледаат”.

Војводата, наводно, користи ултра-ексклузивната и раскошна приватна аеродромска служба, наречена The Private Suite , кога патува било каде. Компанијата испрати луксузен Шевролет теренец кога тој спета на ародромот во Лос Анџелес на враќање од Лондон претходно овој месец.

Во меѓувреме, повеќе медиуи објавија дека Меган дискутирала со „Нетфликс“ за својата анимирана ТВ-серија од 2018 година, кога сè уште беше работен член на кралското семејство.

Серијата, насловена Pearl, беше најавена минатата недела во рамки на договорот на Сасекси со стриминг-платформата, потпишан во септември 2020 година.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб