Утрински Весник
Свет

Повеќе од 1,5 милиони деца во светот изгубија барем еден родител поради коронавирусот

Повеќе од 1,5 милиони деца во светот изгубија барем еден родител поради коронавирусот

Околу 1,5 милиони деца во светот изгубија барем еден родител или друг старател во пандемијата од Ковид-19 од март 2020 година до април оваа година.

Една нова студија објавена во списанието „Лансет“ покажа дека бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемијата е особено голем во споредба со бројот на населението во Јужна Африка, Мексико, Бразил и Колумбија.

Бројот на деца кои ги загубија своите татковци е пет пати поголем од бројот на деца кои ги загубија своите мајки, пренесуваат агенциите.

Група истражувачи предводени од Сет Флексман од Империјал колеџ во Лондон дојдоа до оваа бројка врз основа на математички модели користејќи податоци за наталитетот и смртноста од коронавирус.

Бидејќи податоците не се целосни за сите места, тој број може да биде само проценка, а веројатно е и поголем, напишаа научниците.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија