Утрински Весник
Свет

Ковид мерките во Австралија предизвикуваат гнев кај населението, половина држава затворена

Ковид мерките во Австралија предизвикуваат гнев кај населението, половина држава затворена
Img 5587

Повеќе од 13 милиони Австралијци, односно околу половина од населението, се наоѓаат во блокада по најновите воведени рестриктивни мерки за сузбивање на ширењето на делта-сојот на коронавирус и мерките предизвикаа гнев кај населението, пренесува Би-Би-Си.

Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, вчера се приклучија кон државите Викторија и Нов Јужен Велс во врска со воведувањето на рестриктивни мерки.

Img 5587

Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако таму се заразени пет лица.

Бесот н жителите во Австралија полека расте поради стратегијата на затворање, а за двата најголеми града Сиднеј и Мелбурн, останува непознато кога ќе бидат повторно отворени.

Според медиумите, до неодамна, Австралија беше широко пофалена за стратегијата за затворање на границите, програмите за карантин и брзите заклучувања, а помалку од 1.000 смртни случаи беа регистрирани од почетокот на пандемијата.

Сепак, брзото ширење на многу заразниот делта-сој создаде нови предизвици за земјата и ја истакна ниската стапка на вакцинација, додаваат британските медиуми.

Постојат стравувања дека затворањето на Сиднеј може да трае до септември, бидејќи моделите покажаа дека на градот можеби ќе му требаат месеци за да го достигне денот кога нема да биде забележан нов случај од коронавирус.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години