Утрински Весник
Македонија

Приведен тетовец осомничен дека ги пресекол цевките за довод на кислород во тетовската болница

Приведен тетовец осомничен дека ги пресекол цевките за довод на кислород во тетовската болница

Приведен 42-годишен жител на тетовското село Желино поради сомнение за инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница. Инцидентот беше пријавен на 23 овој месец.

Тогаш од болницата беше соопштено деека оштетени биле две споредни цевки што носат кислород од централниот систем до првиот објект – ургетно-дијагностичкиот центар, а снабдувањето до ковид-одделенијата одело непречено преку главната цевка.

Во ургентно-дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.

Од увидот било утврдено дека со метален предмет било удирано врз цевките, едната била пресечена, а другата свиткана.

Според информациите од МВР, се работи за А. Р., кој вчера попладне бил приведен на улицата Илинденска во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

Сончево и топло, попладне можен краткотраен дожд

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија