Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти од Албанија

Приведен криумчар на мигранти од Албанија

Синоќа околу 21.30 часот во близина на бензиска пумпа и мотел на автопатот кој води од Табановце кон Скопје од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Сопот лишен е од слобода Б.Е.(35) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Имено, околу 21.15 часот на стариот пат за с.Табановце, на исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон с.Речица, од полициски службеници било забележано дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река.

По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се 8 лица мигранти, од кои 5 од Пакистан, 2 лица од Мали и 1 лице од Сомалија.

Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени пет лица

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 180.378 се за возила со странски регистарски ознаки 

Нема штета, нема утврдено загадување, има милионски профит – што остана од „Мазут“?