Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец за издржување казна затвор

Приведен криминалец за издржување казна затвор

31-годишeн скопјанец бил приведен откако претходно се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Според информации од МВР, вчера во 14:25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, по претходно добиена судска наредба, бил приведен Р.С.(31) од Скопје, поради тоа што се барал за издржување казна затвор за сторено кривично дело криумчарење на мигранти.

Тој бил спроведен до затворот Скопје за издржување на затворската казна.

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески