Утрински Весник
Економија

ФАО: Храната во светот поскапе и во април, 11-ти месец по ред

ФАО: Храната во светот поскапе и во април, 11-ти месец по ред
Ss2

Светските цени на храната се зголемија во април, 11-ти месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од мај 2014 година, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги мери месечните промени во кошницата со житарици, масло, млечни производи, месо и шеќер, минатиот месец се искачи на просечни 120,9 поени, поради зголемувањето на цените на шеќерот, пренесува „Ројтерс“.

300x250 (7)

Индексот за март беше ревидиран нагоре на 118,9 поени од првично објавените 118,5 поени.

Организацијата, со седиште во Рим, во новиот извештај исто така наведува дека новите предвидувања укажуваат на раст на светското производство на пченица и пченка во следната сезона.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk