Утрински Весник
Македонија

Приведена 22-годишна тетовка, барана со потерница за кражба од возило во Скопје

Синоќа во Скопје е приведена 22-годишна тетовка која била барана со потерница за издржување затворска казна за кражба на предмет од возило.

Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: Модернизиран команден центар, „Безбеден град” ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот