Утрински Весник
Култура

Претставување на творештвото на Виктор Радун Теон

На 30. јуни во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи претставување на творештвото на Виктор Радун Теон.

Виктор Радун Теон, поет, филозоф и футуролог од Србија, ќе ни ги претстави своите литерарни и филозофски дела, во кои критички се осврнува на напредокот и Четвртата индустријска револуција, којашто, врз основа на новите технологии (Вештачка интелигенција, нанотехнологија, Виртуелна и Аугментативна реалност, Интернет на нешта, биотехнологија, роботика, неуронауки и др.) и идеологијата и филозофијата на трансхуманизмот, човештвото го води во ќорсокак.

Филозофијата, идеологија и движење на трансхуманизмот ја прогласи смртта на човекот и ја нагласува потребата човекот да се усоврши, унапреди и трансформира, со помош на новите технологии, во нов вид на суштество, таканаречен Транс-човек, како и негова финална фаза, Пост-човек.

Промотори: Христо Петрески и Васил Тоциновски.

Текстот Претставување на творештвото на Виктор Радун Теон е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“