Утрински Весник
Спорт

Пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче

Пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче

Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020.

Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17 часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт.

Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден час пред настапите на нашите репрезентативци ќе има организирана програма со водител и гости.

Инаку, преносот на натпреварите ќе се организира секоја вечер од сите натпревари, односно сè додека трае учеството на нашата репрезентација.

Овој настан се организира во согласност со сите протоколи и се молат присутните да ги почитуваат пропишаните мерки.

> Пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче <

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија