Утрински Весник
Балкан

Рама: Европската Унија ја лаже Украина

Rama.webp.webp

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Велт“ остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина. 

Рама зборуваше за процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Тој истакна дека во 1989 година од Источна Германија не се барало да ги исполни условите од сите 33 поглавја од преговорите.


Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат дел од него.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за тоа.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Можете да прочитате

Полицијата упадна во просториите на турска опозициска телевизија и назначи државен управител

Хаос на улиците во Тирана: Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, употребени водни топови и солзавец

Мисија на Европскиот парламент ќе ги набљудува изборите во Србија и покрај задоцнетата покана