Утрински Весник
Македонија

Предложени парични казни за 17 лица во Скопје​

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција: истрагата за случајот „рекет“ се уште не е проширена

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на земјава, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа.

Обвинителството за нив предложило парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност. мс/​са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци