Утрински Весник
Македонија

Прегазена жена на булевар во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Прегазена жена на булевар во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Триесет и тригодишна жена се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај булеварот Свети Климент Охридски во Скопје.

„Патничко возило ‘мерцедес’, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од Скопје, удрило во пешакот С.З.(33) од Скопје. Во незгодата С.З. се здобила со тешки телсени повреди, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Три нови случаи на западнонилска треска – прв случај регистриран и во Арачиново

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден

Мицкоски утре на увид на изградба на фекална канализација во Идризово