Утрински Весник
Македонија

ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203 км/ч на патот Скопје – Свети Николе

Img 5566.jpeg

Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки е регистриран како вози со дури 203 километри на час на автопатот Скопје – Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Прекршокот бил регистриран денеска околу 16 часот, на околу три километри пред наплатната станица Преод. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот, со уред „LaserCam 4“, измериле брзина од 203 километри на час.


На овој дел од автопатот максимално дозволената брзина е 130 километри на час, што значи дека возачот се движел 73 километри на час над дозволеното.

Од МВР информираат дека против возачот се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полицијата најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат низ целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста на патиштата.

Од МВР повторно апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината.

Можете да прочитате

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал

Алпер Акташ нов амбасадор на Турција во Македонија – ги предаде акредитивите кај Сиљановска-Давкова

17-годишна девојка пријавила дека ја малтретирале невенчаниот сопруг, неговата мајка и 15-годишната сестра