Утрински Весник
Култура

Прва книжарница на тркала – нов концепт на промовирање книжевни вредности

Прва книжарница на тркала – нов концепт на промовирање книжевни вредности

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.

Новата, подвижна книжарница на „Антолог“ официјално почнa со работа на 17. март, на Плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува својата локација низ целата држава, доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори дури и на најнеочекуваните места.

„Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што за жал бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која сме особено горди. Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“ и додаваат: „На нашиот сајт, како и на нашите профили на друштвените мрежи редовно ќе ги објавуваме програмата на книжарницата на тркала и локациите на кои таа може да се најде во моментот. Исто така, со оглед дека целта на оваа книжарница е да ги исполнува желбите на читателите – секојдневно ќе бидеме отворени за предлози на места што треба да ги посетиме следни.“

Во новата книжарница на тркала на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од поновата продукција на оваа издавачка куќа, а само во оваа книжарница ќе може да се набават и три најнови изданија, тукушто излезени од печатница: долгоочекуваната „Умешноста да ја креирате вашата реалност“ на Ана Бучевиќ, новата книга „Мечкоград“ од мегапопуларниот автор Фредрик Бакман, како и емотивниот роман „Измиен грев“ од Сара Омар.

Текстот Прва книжарница на тркала – нов концепт на промовирање книжевни вредности е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“