Утрински Весник
Македонија

По кражба на мотоцикл, приведено лице во скопско

По кражба на мотоцикл, приведено лице во скопско

37-годишен жител од скопско село Страчинци бил лишен од слобода по интервенција на полицијата која го уапсила непосредно по кражба на мотоцикл.

Според информации од полициските органи на 03.07 во 20.50 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, го лишиле од слобода лицето со иницијали И.А.(37) од с.Страчинци, скопско, непосредно по извршување на кривично дело на ул.„Маџари“.

И.А. пред спортска обложувалница одзел мотоцикл „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.М.(35) од Скопје.

Украдениот мотоцикл бил вратен на оштетениот.

Од МВР велат дека е изготвена кривична пријава а од Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи