Утрински Весник
Магазин

Почина Оливија Њутн-Џон, ѕвездата на „Брилијантин“

Ss2

Пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон, која во 1970-тите и 1980-тите се искачи на врвот на светските топ листи за поп музика со хитови како I Honestly Love You и Physical и глумеше во филмскиот мјузикл „Брилијантин“, почина во понеделникот на 73-годишна возраст во својот дом во Јужна Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Смртта на пејачката родена во Британија, а израсната во Австралија, беше објавена на нејзиниот профил на Инстаграм, каде стои дека таа починала во својот дом опкружена со семејството и пријателите.

Ss1

Њутн-Џон, четирикратна добитничка на „Греми“, во 2017 година откри дека рецидив на рак на дојка метастазирал и се проширил на долниот дел од грбот, принудувајќи ја да ги откаже настапите.

Ss1

Можете да прочитате

Мис на Буенос Аирес има 60 години и ја очекува натпреварот за Мис на Аргентина, а можеби и за Мис Универзум

Меланија Трамп почна со дизајнирање и продажба на накит

Словенец освоил 60 милиони евра на европската лотарија