Утрински Весник
Магазин

Почина Марија Мендиола, пејачката на диско-химната Yes Sir I Can Boogie

Почина Марија Мендиола, пејачката на диско-химната Yes Sir I Can Boogie

Марија Мендиола, член на дуото „Бакара“ чија песна Yes Sir I Can Boogie беше една од најголените диско-хитови, почина на 69-годишна возраст.

Марија, едната половина на шпанскиот поп-дует од 1970-тите, почина во Мадрид опкружена со своето семејство во саботата наутро.

„Драгата моја Марија, прекрасен уметник, но пред сè мој пријател, не напушти денес“, напиша нејзината колешка од бендот Кристина Севиља на Инстаграм, објавувајќи ја веста.

„Можам само да се заблагодарам за љубовта што ја добив од тебе.“

Можете да прочитате

Кои хороскопски знаци најтешко поднесуваат неправда?

Кога е најдобро да се јаде темно чоколадо за подобра апсорпција на антиоксиданси

4 активности за подоба меморија на децата