Утрински Весник
Магазин

Новите филмови на „Дизни“ ќе дебитираат исклучиво во кината

Новите филмови на „Дизни“ ќе дебитираат исклучиво во кината

Холивудскиот гигант „Волт Дизни ко“ во петокот најави дека Eternals, West Side Story и останатите филмови од 2021 година ќе се прикажуваат исклучиво во киносали пред да бидат достапни на стриминг, што е показател на доверба дека одењето во кино ќе се врати во нормала.

Одлуката е поттик за забавната индустрија во време кога големите филмови во текот на пандемијата дебитираат онлајн во исто време како и во киносалите.

Компанијата во текот на пандемијата експериментираше со прикажување на некои филмови на стриминг-услугатата „Дизни плус“ во исто време кога тие се прикажуваа во кината.

Кино-операторите внимателно набљудуваат како „Дизни“, кој доминираше на кино-благајните во последните години, ќе се справи со претстојниот план бидејќи Делта-варијантата на коронавирусот го забави враќањето на публиката во мултиплекси.

Можете да прочитате

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Седум работи што децата ги забележуваат, а возрасните не се ни свесни за нив

Рано препознавање на деменцијата: Специфични симптоми кај помладите лица и препораки од експертите