Утрински Весник
Свет

Почина лице кое меѓу првите прими вакцина во Швајцарија

Светската банка одобри 12 милијарди долари за земјите во развој за набавка на вакцини

Во Швајцарија почина едно лице, кое беше меѓу првите вакцинирани против Ковид-19, соопштија властите на кантонот Луцерн, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, тие не наведоа дали смртта е поврзана со инокулација.

„Ние сме свесни за случајот“, рече портпаролот, додавајќи дека работата е упатена до швајцарскиот регулатор за лекови „Свисмедик“.

Кантонот не објави детали, вклучувајќи го и времето што поминало помеѓу времето кога лицето ја примило вакцината и времето на смртта.

Луцерн е место на првите вакцинации во Швајцарија од минатата недела, со вакцинации од компанијата „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“, пред сè постари лица.

„Свисмедик“ не бил достапен за коментар, а Фајзер не одговарал на мејлови и повици.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ е единствената вакцина одобрена досега во Швајцарија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Такер Карлсон: Трамп во наредните денови би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран

Зеленски е подготвен за средба со Путин

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида