Утрински Весник
Спорт

Варан побарал трансфер

Францускиот стопер Рафаел Варан наводно побарал трансфер, во случај клубот да добије адекватна понуда за него. Манчестер јунајтед минатото лето го ангажираше Варан, за сума од 40.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Варан не стартуваше против Брајтон во неделата, исто како и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, а Јунајтед загуби неочекувано со 2-1 пред своите гледачи.
Французинот бил разочаран од одлуката на новиот тренер Ерик тен Хаг да го остави на клупата и сега повеќе би сакал да го смени клубот.

29-годишниот фудбалер не ги исполни очекувањата минатата сезона, имаше проблем и со повредите поради што одигра само 28 натпревари.

Варан има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2025 година.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка