Утрински Весник
Македонија

Поради коммпликации со Ковид-19, за 24 часа хоспитализирани 81 лице во Скопје

Поради коммпликации со Ковид-19, за 24 часа хоспитализирани 81 лице во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.740 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.042 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје бројот на ковид-пациенти е 698, од кои само во последните 24 часа биле хоспитализирани 81 лице. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 лица, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп – 136, во ковид-центарот во Гостивар – 47, а во Струга – 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани – 35, во Кичево – 36, во Кавадарци – 70, а во Гевгелија – 24 лица позитивни и суспектни на вирусот“, се вели во соопштението на Министерството, од каде што додаваат дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

И во скопските болници бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места. Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места. Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 58 опоравени пациенти.

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?