Утрински Весник
Македонија

Полицијата со активности на тема „Спречување на насилно и недостојно однесување на спортски натпрeвари“

Полицијата со активности на тема „Спречување на насилно и недостојно однесување на спортски натпрeвари“

Тетово, 26 февруари 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово неделава стартуваше со повеќе превентивни активности на тема „Спречување на насилно и недостојно однесување на спортски натпрeвари“, соопштуваат од тетовската полиција. Планирано е да се реализираат со близу 3.000 ученици од четврта година во сите средни училишта на подрачјето.

– Во училиштата веќе се одржуваат посебни работилници, односно предавања, на кои интерактивно учествуваат и родители, училишни психолози и педагози. На нив се дебатира за потребата од фер и спортско навивање на фудбалски или други натпревари, но и за законските импликации доколку се иницира или учествува во насилство пред, за време или по завршување на натпреварите, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На предавањата посебен акцент му е ставен на претстојниот квалификациски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Република Северна Македонија и Република Косово. Натпреварот се игра на 26 март годинава во Скопје, а на кој се најавува присуство на повеќе навивачки групи, меѓу кои и од тетовско-гостиварското подрачје, информираа денес од СВР Тетово.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење