Утрински Весник
Македонија

Полициски претрес во куќа во Гевгелија каде што се дилал и користел хероин

Полициски претрес во куќа во Гевгелија каде што се дилал и користел хероин

Во акција на полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица, денеска по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија.

Како што информираат од МВР, при претресот, покрај 39-годишникот биле затекнати и Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а бил пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин.

Поради сомневање за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и овозможување на употреба наркотични дроги, лицата се лишени од слобода и спроведени во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот, ќе следуваат соодветени пријави.

Можете да прочитате

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци

Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната

Повредени девет лица во судир на три автомобили на патот Кичево-Охрид