Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски: До крајот на годинава целосно вакцинирани ќе бидат барем 70% од македнонското население

(Видео) Пендаровски: До крајот на годинава целосно вакцинирани ќе бидат барем 70% од македнонското население

Претседателот, Стево Пендаровски, учествуваше на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19, насловен „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“, а организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.

„Додека јас зборувам, 55% од населението во Северна Македонија веќе е вакцинирано со барем една доза. Оттука, апсолутно сме сигурни и даваме ветување за целосно вакцинирање на најмалку 70% од населението до крајот на оваа година“, нагласи претседателот.

Во видео-обраќањето Пендаровски нагласи и дека вакцинацијата против Ковид-19 ширум светот, без одлагање, е од клучно значење.

„За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини“, истакна македонскиот претседател и изрази поддршка за заедничките глобални цели за справување со пандемијата од Ковид-19, презентирани од американскиот претседател Бајден, оценувајќи ги како клучни за запирање на оваа закана.

Можете да прочитате

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци

Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната

Повредени девет лица во судир на три автомобили на патот Кичево-Охрид