Утрински Весник
Македонија

Под карантин единствената приватна педијатриска амбуланта во Дебар

Под карантин единствената приватна педијатриска амбуланта во Дебар

Дебар,17 март 2020 (МИА) – Единствената приватна педијатриска амбуланта, чиј персонал здравствена услуга пружа на деца од општините Дебар и Центар Жупа, во следните 14 дена ќе биде затворена.

– Од вработените имаме еден позитвен на коронаврус, останатите немаат симптоми, но мора да останат во 14-дневен карантин, изјави за МИА Арбен Аголи, еден од педијатрите во амбулантата.

Тој додава дека има објава на неговиот профил на Фејсбук и во име на вработените бара разбирање од родителите.

Станува збор за медицнските лица кои постираа фотографија на Фејзбук и порачаа „Ние сме на работа, вие седете дома“, што доби позитивни реакции.

Во општините Дебар и Центар Жупа има вкупно 20 заразени од коронаврус, двајца од Центар Жупа, кои и го донесоа со нивното пристигнување од Италија. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка