Утрински Весник
Политички Партии

Ахмети: НАТО бидна, на ред е Европа

Ахмети: НАТО бидна, на ред е Европа
300x250 (7)

 

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска на граѓаните им ја честиташе ратификацијата на протоколот за членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, порачувајќи дека сега, на ред е Европската унија.

– На крај, НАТО бидна! Честитки драги граѓани. Овој наш долг ангажман исполнет со непрекинати напори денеска се заокружи со Шпанија, преку последната ратификацијата на
протоколот за членство. Во ниту еден миг не се издвоивме од нашата цел и ниту еднаш не се
поколебавме од оваа наша заедничка определба, истакнува Ахмети во изјавата што ја пренесува ДУИ.

Ss1

И тогаш кога сите се сомневаа, и тогаш кога сите кренаа раце од овој пат, како што посочува Ахмети, ние со инсистирање продолживме на евроатлантската насока на оваа
земја, и успеавме.

– Ви благодарам многу за целата подршка низ сите години, можеби беше спор
процес, но со храброст и неколеблива определба успеавме за посигурна
иднина.Сега, на ред е Европската Унија! Датум сега, се наведува во изјавата од Ахмети. ев/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт