Утрински Весник
Македонија

Повредени шест лица во сообраќајна несреќа кај Крива Паланка

Синоќа околу 1 часот на магистрален пат А2, на место викано „Бентомачки пут“ во атар на селото Гиновце, Кривопаланечко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од А.С.(22) од с.Баратлија, Општина Ранковце и патничко возило „опел“, управувано од Т.С.(54) од Крива Паланка, двете со кривопаланечки регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „опел“, С.Т.(45), Ј.Р.(50), И.В.(44) и С.В.(51), сите од Крива Паланка, додека возачите А.С. и Т.С. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.

Можете да прочитате

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за српски пејачи, неизвесност за македонските лозари

Притвор за возачот на Јанушев, барал мито од 1500 евра „да среди“ вработување